Гран При годинава доби Димитар Арнаудов од Стојаково, Гевгелија. Првото место и припадна на Спасија Бежановска од Охрид, второто го освои Емељ Туна од Скопје, а беа доделени две трети места и тоа за Славица Гаџова Свидерска од Битола и Маја Нестороска од Радожда, Струга.
Сите учесници се здобија со дипломи
Љупка Анетеска
Беше избран и најдобар странски автор. Оваа награда и припадна на поетесета Мањола Брахај од Косово. Словенецот Јернеј Кустерле пак, доби посебно признание за странски автор финалист. Наградата Најуспешна млада поетска искра и припадна на 17-годишната Емануела Ковачевска-Китановска од Скопје.
Виолета Златева жири комсија
Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри” во Гостивар се организира во чест на Денот на сесловенските просветители, Св.Кирил и Методиј. Манифестацијата е подржана од Министерството за култура и Општина Гостивар.
Зоран Димовски