Од иницијативата да ја спасиме Попова Шапка не веруваат во најавите на владата, дека се работи на физибилити студија за центарот преку која ќе бидат презентирани техничката, правната и финансиската анализа на можностите на центарот, кој потоа ќе оди на продажба.
Оттаму велат дека ваквите најави ги слушаат речиси половина година, но според нив изработката на студијата не е ниту во почетна фаза.
Сулејмани смета дека пред да се продава центарот треба да се создадат основни инфраструктурни услови со цел да се најдат заинтересирани купци.
Попова Шапка секоја година се соочува со лоши туристички сезони, но засега владата но и локалните власти не преземаат сериозни чекори да ја подобрат состојбата на центарот пред се со инвестиции во паркинг простор, сместувачки капацитети и нови ски лифтови.
Зоран Димовски