Во првите три месеци од 2019 година Фејсбук затвори 2,2 милијарди лажни профили, што претставува нов рекорд на компанијата.
Тој број е само малку помал од 2,38 милијарди вистински активни корисници на Фејсбук. За споредба, Фејсбук затвори 1,2 милијарди лажни профили во претходниот квартал и 694 милиони лажни профили помеѓу октомври и ноември 2017 година.
Оваа информација беше презентирана во рамките на редовен извештај на Фејзбук, а како што е најавено наскоро ќе биде презентиран многу почесто – четири пати годишно, наместо двапати, и ќе го вклучи и Инстаграм.