Мислењето на експертите е јасно: кафе на празен стомак никако не може да биде добра идеја!
Постојат четири причини за овој став:
- Се зголемува количината на желудочна киселина
Зголемено количество на желудочна киселина предизвикува жиговина и проблеми со дигестијата кои може да ги чувствувате во текот на целиот ден. Високото ниво на киселост со време може да доведе до сериозни проблеми во делот на абдоменот, како што е чир на желудникот, синдром на нервозно дебело црево и рефлукс. Поевтиното кафе (со помалку квалитет) обично има повисока киселост што дополнително може да ја зголеми штетата.
- Висок степен на стрес и тешкотии
Апсорбирање на преголема количина кафе може да го зголеми чувството на тешкотии и стрес, а кога пиете кафе на празен стомак, тој проблем уште повеќе се влошува. Од друга страна, храната и варењето можат да делуваат смирувачки за вашиот организам. За да го намалите негативното дејство на кафето врз нервниот систем, со кафето секогаш јадете нешто.
- Се намалува нивото на хормони
Главната причина зошто кафето го зголемува чувството на стрес и тешкотии е хормонската нерамнотежа за кој главен виновник е кофеинот. Утринското кафе на празен стомак може да се измеша со производство на серотонин, невротрансмитер одговорен за чувството на задоволство, среќа и благосостојба. Истражувањата покажале дека кога ќе престанете да пиете кафе на празен стомак, ќе бидете расположени и генерално подобро ќе се чувствувате.
Извор: denar.mk