Вулканот Попокатепетл, кој се наоѓа во централниот дел на Мексико, на 70 километри од главниот град Мексико Сити, во последната ерупција исфрлил столб од пепел висок речиси четири километри, соопштија од Цивилната зашита на Мексико.
Властите го предупредија населението што живее во близина на еден од најголемите вулкани во светот, да не му се доближуваат.