Промоција на книгата „Струма” од Хакан Акдоган – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/19 7:29 AM

Промоција на книгата „Струма” од Хакан Акдоган

 Во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Струма” –   една приспивна во темнионата од Хакан Акдоган.

Промотивна реч за книгата во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија ќе одржи Академик Ферид Мухиќ.

Книгата „Струма” зборува за брод кој испловува од пристаништето Констанца во тешките денови на Втората светска војна и се укотвува на бреговите на Босфор крај Истанбул. До каде ќе ги носи овој мртовечки сандак стотиците Евреи во потрага по нова татковина…? Одговорот на ова прашање е една од најсрамните страници на историјата. Судбината на „Бродот на проколнатите” е да биде потопен во темните води на Црното Море.

Хакан Акдоган е роден 1971 година во Анкара, Турција. По вокција е филолог. Дипломирал „Англиска филологија” на Универзитетот Хаџеттепе  и „Медиуми и комуникации” на Анадолскиот универзитет. На Универзитетот Улудаг  работел на програмата „Човекот, општеството и филозофијата”. Има преведено дела од Фернандо Песоа и Маркиз де Сад. Ги има напишано романите “Гола Периде”  (Nü Peride), “Сенката што живее” (Gölge Yaşatan), “Струма”, “Допир” (İlişmek), “Ежово растојание” (Kirpi Mesafesi). Добитник е на наградата Јунус Нади (Yunus Nadi) за најдобар роман.

МИА