Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска сепак заврши на седмото место на евровизиското финале и на првата позиција според гласовите на жири комисијата.
На интернет страницата на Евровизија е објавено дека е констатиран пропуст во гласањето на белоруското жири, а среќната вест ја објави и Тамара Тодевска на нејзиниот профил на „Фејсбук“.