Официјални лица на американската авијација веруваат дека уривањето во март на авионот „бонг 737 макс“ на авиокомпанијата „Етиопијан ерлајнс“ го предизвикала птица која наводно се судрила со леталото, тврди непознат извор добро запознаен со ситуацијата.
Таквите тврдења направија акциите на „Боинг“ да скокнат за 1,3 отсто на вчерашното тргување, пренесува ЦНБЦ.
Авионите од типот „737 макс“ беа приземјени по таа несреќа што се случи пет месеци по сличната во Индонезија. Во двете несреќи загинаа вкупно 346 луѓе.
Официјалните лица на авијацијата на САД сега сметаат дека судирот на птица со авионот најверојатно предизвикал погрешни податоци на сензорот што потоа го активирало таканаречениот анти-стал систем, чија функција е да го снижува носот на авионот кога тој оди над нормалниот агол при полетувањето.
Но, од етиопската авиокомпанија порачуваат дека првичните наоди во истрагата покажале дека нема докази за било каков стран објект, па и птица, што направил штета на сензорот