Здружението на судиите денеска ќе ја промовира публикацијата „Правна анализа на стандардите за судска етика”.
Публикацијата ги анализира постоечките состојби и практики на судиската етика во земјава, со компаративен осврт на земјите од регионот и позитивните ЕУ практики, како дел од проектот „Подобрување на механизмите за зајакнување на судската етика – споделување на добрите практики во регионот и ЕУ”, финансиран од Амбасадата на Кралството Холандија во земјата, кој Здружението го спроведува како имплементирачки партнер во соработка со холандското Здружение на судии и Здружението на судиите на Република Србија.
Во светло на реформскиот процес на правосудниот сектор што е во тек и континуираните заложби на Здружението кон обезбедување независно и самостојно судство, главната цел на проектот е поддршка за иницијално функционирање и развој на Советодавното тело за судиска етика, што ќе доведе до воспоставување на само-регулаторни механизми за промоција и почитување на принципите на Кодексот за судиска етика од страна на судиите.
МИА