Итно ви е потребна витаминска ”инекција” за да се заштитите од болестите?
Еве еден рецепт за вас, кој ќе ви овозможи брзо да направите здрав сок, кој на сите им е многу потребен.
Потребни ви се следнивве состојки:
2 моркови
половина стапче целер
сок од еден лимон
сок од еден портокал
1 јаболко
1 банана
малку мед
малку ситен изрендан ѓумбир
чаша вода
ПОДГОТОВКА:
Измијте го овошјето, исечете го и ставете го во блендер. Добро измиксајте. Додадете ја водата, медот и ѓумбирот. Потоа дополнително уште малку измиксајте.
На здравје!
Извор: denar.mk