Масакр во затвор во Таџикистан: Бунт на припадници на Исламска држава – загинаа 29 осуденици и тројца чувари – ММС
ММС

Објавено на: 05/20/19 12:28 PM

Масакр во затвор во Таџикистан: Бунт на припадници на Исламска држава – загинаа 29 осуденици и тројца чувари

Осудениците убиле тројца чувари во затвор во Таџикистан во кој казни издржуваат луѓе осудени за религиозен екстремизам, вклучувајќи ги и претставниците на Исламска држава, соопшти Министерствоо за правда на таа централноазиска држава.

Безбеднсен извор рекол за „Ројтерс“ дека во бунтот во затворот во градот Вакдат загинале 29 осуденици, на десет километри од Душанбе. Во соопштението на Министерството се наведува дека бунтот почнал вчера кога 30 затвореници како заложници зеле тројца чувари.

Ова е втор смртоносен бунт во затвор во Таџикистан во последните шест месеци.