„Србите со масовното излегување вчера на избирачките места го одбранија северот на Косово. Во таа одбрана државниот врв на Србија и српското население на Косово имаат безрезервна поддршка од Русија и од рускиот претседател Владимир Путин“, рекол српскиот шеф на дипломтијата, Ивица Дачиќ, пренесува „Танјуг“.
Дачиќ за „Курир“ рекол и оти Србија во одбрана на своите интереси на Косово ја има апсолутната поддршка од Русија.