Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 98. седница на која треба да бидат разгледани 26 предлог закони и годишни извештаи.
Пратениците треба да го ратификуваат Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачките дозволи.
На дневен ред, меѓу другото, се и предлог законите за изменување на Законот за минимална плата, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и на Законот за данокот на додадена вредност.
На седницата треба да бидат разгледани и повеќе годишни изваштаи на државни комисии, дирекции, Ааенции, на Судскиот совет и Народниот правобранител.
МИА