Холандија е победник на годинашното, 64. издание на Евровизија.
Фото: Thomas Hanses
Песната Arcade со која младиот пејач Данкан Лоренс настапи на евровизиската сцена во Тел Авив и’ донесе на Холандија 492 гласа, која зад себе ги остави Италија со 465 и Русија со 369 гласа.
Темата Proud пак, со која Тамара не’ претстави на оваа музичка манифестација ни го донесе досега најдобриот пласман. Со 295 гласа, Северна Македонија се пласираше на осмото место.