Фронтменот на американската рок-група „Кис”, Џин Симонс, синоќа беше во посета на Белата куќа и Пентагон.
Симонс е поддржувач на политиката на претседателот Доналд Трамп, но нема информации дали имал средба со американскиот претседател.
Првата дама на САД, Меланија Трамп, потврди дека не се сретнала со него. Облечен во црни панталони и јакна, Симонс бил забележан како стои настрана од другите посетители на Белата куќа на скалилата кои гледаат на јужната порта од каде бил испратен Трамп, кој заминал со претседателскиот хеликоптер.
Фронтменот на „Кис”, кој годинава полни 70 година, подоцна го посети и Пентагон и во просторијата за прес конференции одржа краток говор во поддршка на американската армија.
МИА