Осудените за настаните од Диво Насељe ја напуштија јавната седница на Апелациониот суд во Скопје, каде се разгледуваат нивните жалби. Извикуваа дека не го признаваат судот и побараа меѓународна истрага.
-Вие сте дојденци, а ние сме автохтони. Ова овде е Албанија! Зборувајте на албански“, извикуваа осудените кон судиите. По ова побара полицијата да ги изнесе од судницата.
Судијката Цветанка Периќ на ова им одговори дека никој не им дозволил да си одат.
-Ви појаснувам дека секој може да си замине од судница, жалбите ги поднесовте вие и вашите бранители, но пред да заминете треба да бидете нотирани на записник“, рече судијката, по што дозволи еден по еден да биде изнесен од судницата.
Состојбата ексалира откако не беше прифатен предогот на обвинетите наместо презентација на тужбите прво судот да им дозволи да ги прочитаат неколкуте страници што, како што кажа обвинетиот Генц Сефа, а ги подготвиле сите обвинети заедно. Судот ги предупреди дека ова не е судење туку јавна седница. По ова следуваа низа навреди и пцости на албански јазик упатени кон судот и кон преведувачката.