Зачестените и се’ посложени ризици, од глобалното затоплување до загадувањето и епидемиите, му се закануваат на опстанокот на човештвото ако не се спречи нивната ескалација, предупредуваат од Обединетите нации.
Во двегодишниот извештај за тоа како светот се справува со катастрофите, ОН предупредува дека, поради новите ризици што не сме ги предвиделе, минатото повеќе не може да биде патоказ за иднината. Како нови ризици за човечкиот живот и имот особено се наведуваат загадувањето на воздухот, болестите, потресите, сушите и климатските промени.
– Доколку продолжиме да живееме на ист начин и продолжиме да се однесуваме едни кон други и кон нашата планета како досега, нашиот опстанок ќе биде доведен во прашање – рече Мами Мизутори, претставничка на генералниот секретар на ОН на состанокот во Женева посветен на намалувањето на ризикот од катастрофи.
Во 2018 година во светот се регистрирани 1.600 ктастрофи, од монсунските поплави во Индија до шумските пожари од големи размери во САД. Само во 2018 поради катастрофите се раселиле 17,2 милиона луже, а од 20018 година наваму дури 265 милиони. ОН смета дека во спречувањето катастрофи и во заштитата на најранливите категории луѓе од последиците на екстремни катастрофи е потребно значително поголемо финансиско вложување.
Како најважни причини за загрижувачката состојба се наведуваат човечките потреби за енергија и храна, односно претераното консумирање на ресурси, криволовот, сечењето на шумите и емисиите на фосилни горива. Една четвртина од сите познати видови растенија и животи се веќе загрозени, а размерите на нивното исчезнување се десетици и стотици пати побрзи отколку што во просек биле во последните десет мииони години. Се истакнува дека бројот на населението во светот од 1970 година досега се зголемил двојно, глобалната економија за четирипати, меѓународната трговија за десетпати.
Ова веројатно досега е најсериозното предупредување на заканата што планетата ја има од луѓето.