БиХ: Анонимен добротвор им ги намирил сите долгови за лекови на граѓани во Високо – ММС
ММС

Објавено на: 05/5/19 8:52 AM

БиХ: Анонимен добротвор им ги намирил сите долгови за лекови на граѓани во Високо

Последен петок пред настапувачкиот месец рамазан. Во аптеката „Авидена“ во Високо, Босна и Херцеговина, влегува маж. Двете аптекарки го препознаваат насмеаниот сограѓанин. Им ја бара „жолтата тетратка“, која служи за заведување на должници што немале пари, а ги зеле неопходните лекови што не се издаваат на рецепт, туку само на комерцијална сонова.

– Штом ја бара „жолтата тетратка“, веројатно и тој ќе се задолжува, си помислив. Но, ми рече да ги соберам долговите на сите луѓе што се задолжиле за лекови. Му велам дека ќе се добие висока, четирицифрена сума. Тој ми рече ако сакало нека биде и петоцифрена. И додаде дека ќе оди и во други аптеки. Сакаше да остане анонимен – раскажала за „Ал џезира“ аптекарката Лејла Крсмановиќ.

Во таа аптека хуманиот човек ги намирил долговите на сите педесетина должници, а многумина кога дошле да си го платат долгот останувале со солзи во очите кога слушнале што се случило.