Безбедносните сили ги разбија опозициските протести во Венецуела, а во нивна чест венецуелскиот претседател Николас Мадуро организирал парада. Повикал на единство во војската, а на државната телевизија се појави опкружен се воени команданти. Мадуро во Каракас ја предводеше воената парада, а пред тоа одржа говор пред 4.000 припадници на оружените сили, на кои им заблагодари на лојалноста.
Мадуро порача дека војската мора да биде подготвена да се избори со „предавниците“ и со опозицијата, која пред два дена, според неговите зборови, се обидела да предизвика крвопролевање во Каракас, пренесува АП.
Опозицискиот лидер Хуан Гваидо побара од војската да ја прекине послушноста кон Мадуро, меѓутоа безбедносните сили ги разбија протестите.


