В понеделник, ден пред доаѓањето на папата Франциск во Скопје, ќе биде промовирана нова поштенска марка. Ова денеска го најавија од собраниската прес служба, од каде информираат дека промоцијата на поштенска марка „Прва посета на Папа на Република Северна Македонија “ е во соработка со АД „Македонска пошта“.

По најавите за неговото доаѓање во земјава, беше изработена и нова веб страница www.papa.mk, каде се објавуваат деталите во врска со посетата. По барање на Координативното тело пак задолжено за организацијата, вчера на Плоштадот Македонија беа отстранети две дрвја, кои според најавите, на осми мај ќе бидат повторно засадени на истата локација.
Литургијата на папата Франциск на Плоштадот Македонија ќе почне во 11.30 часот.


