На војска и вооружување најмногу трошат Американците и Саудијците – дури петпати повеќе од Русите – ММС
ММС

Објавено на: 05/2/19 11:17 AM

На војска и вооружување најмногу трошат Американците и Саудијците – дури петпати повеќе од Русите

Во текот на 2018 година вкупните трошоци зз вооружување и одбрана во светот се зголемиле на 1.822 милијарди долари, што значи дека во светот се трошат повеќе пари за оваа намена од било кога, а во однос на 2017 година зголемувањето е за 2,6 отсто. Трошоците за вооружување, според последната анализа на Стокхолмскиот институт за мировни студии, е дури за 76 отсто повисок отколку, на пример, во 1998 година. Во просек, на воени трошоци одат 2,6 отсто од глоблниот БДП, односно на секој жител на планетата по 239 долари годишно.

Најголемите пет трошачи се САД, Кина, Саудиска Арабија, Индија и Франција. Русија е на шестото место со 61,4 милијарди долари, десетпати помалку од САД, кои во 2018 за вооружување потрошиле 649 милијарди или 1.984 долари по жител. Саудијците се рекордери со 2.048 по жител, што е петпати повеќе отколку што по жител троши Русија (418 долари).

Меѓу поголемите воени сили најголем пораст од 24 отсто има Турција, а сличен процент бележат и источноевропските Бугарија, Романија, Летонија и Литванија.