Русија е чекор поблиску до создавањето сопствен интернет, одвоен од остатокот на светот. Претседателот Владимир Путин го потпиша Законот за создавање национална мрежа која би функционирала независно од глобалниот интернет.
Новиот закон има цел „да ја заштити Русија од странски ограничувања, создавајќи одржлив, безбеден и целосно оперативен“ локален интернет. Потпишаниот закон ќе стапи на сила во ноември, пренесува агенцијата „Риа новости“.
Со Законот се наложува и формирање центар за управување и надгледување, кој би го контролирала руската телекомуникациска агенција „Рускомнадзор“.


