Денеска навршуваат осум години откако припадници на американските специјални единици „Фоки“ извршија упад во пакистанскиот град Аботабаду и го убија лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Тој на 11 септември 2001 година нареди извршување на тероистичките напади на САД во кои беа убиени речиси 3.000 луѓе.
Неодамна Саудиска Арабија му го одезеде државјанството на син му, Хамзи бин Ладен, кој во претходните години објавуваше аудио и видео пораки со повици до неговите приврзаници да ги напаѓаат САД и нивните сојузници како одмазда за убиството на татка си.
Американскиот Стејт департмент претходно понуди награда од еден милион долари за информација за локацијата на која се наоѓа во било која земја, а го опиша како клучен лидер на Ал Каеда. Се верува дека синот на Обама е во близина на авганистанско-пакистанската граница.


