Владата ја зајакнува контролата на експлоатацијата на песок и чакал од реките – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/19 8:02 PM

Владата ја зајакнува контролата на експлоатацијата на песок и чакал од реките

Владата на денешната седница усвои повеќе одлуки и препораки за да се обезбеди поголема ефикасност од доделувањето дозволи за експлоатација на водите, како и за обезбедување соодветни услови за вршење мониторинг на квантитетот и квалитетот на водите и испуштањето на отпадните води. Одлуките и препораките се однесуваат и се во насока на ефикасна наплата на надоместот за водно право и за целосно и постојано користење на средствата исплатени од надоместот за нивна експлоатација за севкупно подобрување како дејност од јавен интерес.

Како што соопштуваат од владината прес-служба одлуките и препораките се донесени по разгледаниот извештај „Ефективност на политиките, мерките и активностите при доделувањето на водното право“, кој Владата на РСМ го нарача од Државниот завод за ревизија со цел да се даде оценка за ефективноста на политиките, мерките и активностите од експлоатацијата на водите и водните сливови, како и соодветни препораки за подобрување на состојбите со управување со водите и доделувањето на водното право, односно на дозволи за експлоатација на водите.