(ВИДЕО)Оклопни возила на улиците и судир на граѓаните со полицијата во Венецуела – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/19 7:44 PM

(ВИДЕО)Оклопни возила на улиците и судир на граѓаните со полицијата во Венецуела

Во Каракас денеска се судрија поддржувачите на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, откако двајцата побараа поддршка од армијата. И двајцата тврдат дека ја имаат поддршката од армијата.

Сепак рано вечерва, претседателот Николас Мадуро уверуваше дека сите воени команданти на Венецуела се лојални на владата и дека е тоа обид за воен удар, од водачот на опозицијата, Хуан Гуаидо, поддржан од САД.

Мадуро, кој се смета за “узурпатор” од неговиот противкандидат, изјави дека разговарал со сите високи воени офицери на вооружените сили на земјата, кои го увериле дека се “нивната целосна лојалност кон уставот и до татковината”. Тој ги повика неговите поддржувачи да се мобилизираат во пресрет на последниот обид на Гуаидо да ја преземе власта во Каракас.

На улиците на главниот град на Венецуела се забележуваат и оклопни возила и како што пренесуваат странските медиуми започнува „венецуелското востание“.

На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледа како оклопно возило на националната гарда на Венецуела се движи директно кон група демонстранти и гази преку нив. Претходно, демонстранти фрлаа камења и удираа со стапови по оклопното возило.