Студенчица да внимава на нивото во езерото „Прилеп“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/19 6:36 PM

Студенчица да внимава на нивото во езерото „Прилеп“

На денешната владина седница се донесени мерки со кои се решава состојбата со акумулацијата „Прилеп”, популарно познато како – градско езеро. Донесен е заклучок со кој на ЈП Студенчица – Кичево му се укажува во наредниот период, до постигнување на соодветното ниво на вода во градското езеро „Прилеп”, вишокот на вода кој ова претпријатие го испушта во реката Треска да го пренасочи и отстапи во акумулацијата „Прилеп” за потребите на Акционерското друштво Водостопанство на Република Македонија, во државна сопственост, Скопје, Подружница Прилепско Поле – Прилеп, додека не се обезбеди минимум 1.000.000 метри кубни.  Вишокот вода од изворите Студенчица треба да се пренасочи кон акумулацијата „Прилеп” откако ќе се задоволат потребите за водоснабдување на градовите, енергетските потреби и биолошкиот минимум, без надомест и во рамките на хидролошките услови, соопшти владината прес служба.