Ситуацијата во Венецуела се влошува откако опозицискиот лидер Хуан Гуаидо ги повика граѓаните и армијата да го поддржат во соборувањето од власт претседателот Николас Мадуро, а реагираа Белата куќа, Кремљ и претседателот на Европскиот Парламент.
Белата куќа наведе дека претседателот на САД, Доналд Трамп ја следи ситуацијата, додека Кремљ потенцира дека за Венецуела претседателот на Русија, Владимир Путин разговара со постојаните членки на рускиот Совет за безбедност.
На најновите настани во Венецуела реагираше и претседателот на ЕП, Антонио Тајани, кој на Твитер напиша дека денеска „е историски момент за враќање на демократијата и слободата во Венецуела, што секогаш има поддршка од ЕП.
Гуаидо денеска изјави дека ја почнал „завршната фаза“ од својот план да го смени претседателот Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го поддржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро“.
Венецуелската влада пак, го обвини Гуаидо за започнување државен удар.


