СДСМ: Убедливо најскап бензинот беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ – ММС
ММС

Објавено на: 04/30/19 3:49 PM

СДСМ: Убедливо најскап бензинот беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ

По денешната реакција на опозицијата за покачената цена на бензините и дизелот, СДСМ се огласи со соопштение во кое обвини дека ВМРО-ДПМНЕ  се однесува лицемерно, бидејќи како што велат социјалдемократите, токму за врмее на владеењето на оваа партија, горидавата се продавале по рекордно високи цени.

Граѓаните паметат дека токму за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и режимот на Никола Груевски граѓаните плаќаа најскапо гориво од осамостојувањето на државата. 2012 година ќе остане запаметена како година кога горивата достигнаа највисока цена. Година кога граѓаните за литар Еуросупер 95 плаќаа 89 денари, за Еуросупер 98- 90,5 денари, а дизелот чинеше 73,5 денари – се вели во партиското соопштение.

Од партијата порачуваат дека цената на нафтата не ја одредува ниту СДСМ ниту Владата, туку таа се одредува од страна на Регулаторната комисија за енергетика според строго утврдена формула.