Неофицијално водачот кој стои зад бомбашките напади во Шри Ланка, Хашим загинал во нападите, изјавил денеска претседателот на Шри Ланка Маитрипал Сирисен.
Според неговите зборови, радикалниот проповодник Хашим згнал во хотелот Шангри – Ла во престолнината Колумбо, пренесува Би Би Си.
Сирисен изјавил дека Хашим го предводел нападот на популарниот хотел во придружба на уште еден бомбаш идентификуван како Илхам.
Претседателот на Шри Ланка исто така изјавил дека известувањето на службата верува дека околу 130 лица се осомничени кои се поврзани со Исламската држава биле во земјата и полицијата трага по околу 70 од нив кои се уште се во бегство.
Како што исламскиот повик за молитва одекна денеска на улиците на главниот град Шри Ланка, Коломба, една група муслимани видеа необична сцена: нивната џамија со златни куполи беше опкружена со вооружени војници.


