Вчеравечер на улицата „Радански пат“ во Штип, непознато возило со непознати регистарски ознаки удрило во sид од куќа, сопственост на осумдесет и осумгодишната Н.А. Од ударот се срушиле поголем број на тули внатре во куќата и ја повредиле старицата, по што возачот го напуштил местото на настанот.
Н.А. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничка болница Штип каде и’ била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Штип. Се работи на расчистување на случајот.


