Илјадници бебиња царски пингвини се удавиле во морето кога тешките временски услови го уништиле мразот на кој живееле.
Би Би Си потсетува дека ваква катастрофа се случила и во 2016 година во Веделовото море, а научниците објаснуваат дека колонијата на пингвини живеела на тенок мраз кој е поврзан со глечер, а постарите пингвини не успеале да ги префрлат помладите пингвини на сигурно место.
Но тоа најверојатно би било бесмислено, бидејќи големата санта мраз на која живееле се поместила. За губењето на големиот број млади пингвини известувал тимот на Бртианскиот истражувачки Антартик, откако докторите Питер Фретвел и Фил Тратан на фотогрфаиите кои ги забележал сателит забележале недостаток на колониите.
Животинскиот измет бил во радиус од 800 километри, па врз основа на тоа заклучено е колку пингвини исчезнале. Во оваа колонија изминатите неколку децении се раѓале од 14.000 до 25.000 парови, па во суштина преку ноќ исчезнале пет до девет отсто светска популација на пингвини.
Царските пингвини е најголемиот вид на пингвини на кои им е потребна цврста подлога од мраз која може да издржи до април, затоа што младите птици на свет пристигнуваат во декември. Доколку мразот се стопи и распадне пред време, младите не подготвени за пливање, бидејќи не се целосно развиени и немаат перки.


