Фирмите од полошко се жалат на недостиг на несоодветни кадри. За таа цел, денеска во Тетово се одржа тркалезна маса под наслов „ Невладините механизами за интеракција“.
Бизнисмените кои учествуваа на тркалезната маса велат дека најчесто кај нив доаѓаат кадри кои не ја знаат практичната работа. Сметаат дека универизтетите и средните училишта не произведуваат кадар соодветен за пазарот на трудот.
Целта на тркалезната маса е да се идентификуваат проблемите и да се развијат механизми за меѓусекторска соработка.
Денешната активност се организираше во рамки на проектот „Моќта на младинскиот глас во полошкиот регион“.


