Според објавените резултати на Антикорупциска по сомнителни вработувања на свои роднини води пратеникот и секретар на СДСМ Александар Кирацовски. Вработувањето на неговиот дедо Борче Поповски во ЕЛЕМ Новаци, сестрата Мирјана Јосифовска во Централен регистар и мајката на сопруга на Кирацовски Мери Поповска за Антикорупциска се со индиции за непотизам.
Кирацовски за ова не чувствува одговорност. На прашање на Истражувачка репортерска лабараторија Македонија (ИРЛ), дали планира да понесе одговорност за наодите утврдени од Комисијата, тој одговорил дека информацијата е погрешна.
„Немало никакво влијание, не знам кој дал таква информација, но погрешна е“, одговорил Кирацовски преку смс порака.
По едно сомнително вработување има и кај пратеникот и портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и пратеничката Мира Стојчевска. При вработувањето во ЕЛЕМ на братот на Стојчевска и унапредувањето на нејзиниот сопругот, антикорупционерите не утврдиле неправилности. Но за нејзиниот син во ЕЛЕМ е креирано ново работно место.


