Руски лекар откако сфатил дека девојката му е машко, ја убил, зготвил и ја изел – ММС
ММС

Објавено на: 04/25/19 10:47 AM

Руски лекар откако сфатил дека девојката му е машко, ја убил, зготвил и ја изел

Рускиот лекар Михаил Тихонов (27) го признал убиството на девојката Нина Сургатскаја (25) во нејзиниот апартман. Лекарот признал дека по убиството исекол некои делови од телото, ги зготвил и изел.

Михаил наведува дека на гнасниот чин го натерало сознанието дека неговата девојка била трансексуално лице. Наводно, лекарот во тек на сексуален однос сфатил дека Нина била на операција за промена на полот, па ја задавил.

Мајката на Нина го пријавила исчезнувањето, а полицијата потоа стигнала на адресата на лекарот, кој веднаш го признал убиството. Полицијата зклучила дека ја задавил на креветот, потоа се обидел да се ослободи од трупот така што зготвил делови од него, а другите ги фрлил во одвод. Лекарот тврдел дека не е канибал, туку само сакал да се ослободи од телото.