Српски медиуми: Американските авиони што не’ бомбардираа преку вежба на Криволак пак и’ приоѓаат на Србија – ММС
ММС

Објавено на: 04/24/19 12:11 PM

Српски медиуми: Американските авиони што не’ бомбардираа преку вежба на Криволак пак и’ приоѓаат на Србија

Северна Македонија од 20 мај до 15 јули ќе биде полигон на најголемата меѓународна вежба на НАТО во таа земја. Авионите Б-1Б, кои пред точно 20 години ја бомбардираа СР Југославија, сега ќе исфрлаат бомби на полигонот Криволак, пишуваат денеска повеќе српски медиуми, повикувајќи се на „Спутник“.

„’Одлучен удар 2019′ е дел од големата вежба ‘Ангел чувар’ што ја организира и финансира Командата на американските сили во Европа, на која ќе учествуваат 27.000 војници. Сценариото за вежбата во Македонија предвидува учество на до 2.000 домашни и на исто толку американски војници и сојузници од Црна Гора, Албанија, Бугарија и од Литванија, а би требало да покаже како изгледа воспоставувањето мир. На Македонците ова им е многу важно, бидејќи од внатрешнополитички причини како порака кон регионот им треба некоја голема активност што ќе го етаблира нивното влегување во НАТО и цврстото сојузништво со САД“, го цитираат српските медиуми воениот аналитичар Александар Радиќ.