Ниту еден од кандидатите не го собра потребниот број гласови за избор за претседател на државата во првиот круг.
Стево Пендаровски освоил 323.892 гласа, Гордана Силјановска-Давкова 319.364 гласови, а Блерим Река 79.921 глас. Согласно Изборниот законик во вториот круг од претседателската трка ќе се натпреваруваат Пендаровски и Силјановска-Давкова.
По многу тесната разлика во бројот на освоени гласови од првиот круг од штабовите и на двајцата кандидати очекуваат победа во вториот.


