Необичен бизнис: Чесни сестри годишно заработуваат по еден милион долари од марихуана – ММС
ММС

Објавено на: 04/22/19 11:21 AM

Необичен бизнис: Чесни сестри годишно заработуваат по еден милион долари од марихуана

Чесни сестри во еден манастир во Калифорнија, САД, заработуваат по околу еден милион долари годишно од одгледување марихуана, пишува „Индепендент“.

Рабоатата ја почнале во 2011 година со само 12 тревки. Тврдат дека со своите производи од канабис можат да излечат многу болести, од епилепсија до рак, а наводно и досега од зависност спасиле осум луѓе.

– Марихуаната е прекрасно растение. Светот полека ја прифаќа идејата дека канабисот е лек, а не опасна дрога – велат чесните сестри.

Неодамна за нив бил снимен и документарен филм, а тие се надеваат дека тој ќе им помогне да го прошират „бизнисот“.