ДИК за наводната продажба на податоци од Избирачкиот список на руски форум – ММС
ММС

Објавено на: 04/21/19 3:54 PM

ДИК за наводната продажба на податоци од Избирачкиот список на руски форум

-Во земјава денеска организираме и спроведуваме изборен процес. Се’ тече како што треба и е во ред. Со шпекулации од дневно – политички карактер ниту сакам, ниту имам намера да се занимавам, рече претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводни списоци што се појавиле на руски сајтови.

Некои од порталите во Македонија објавија слика од форум на руски хакери, каде наводно корисник со име Пакистанец, кој на овој форум се регистрирал пред еден ден,   во рубриката „Купи – продај“, продава, како што стои, „голем број на податоци со вклучени имиња, датуми на раѓање, адреса и други од izbirackispisok.gov.mk. Никој не ја потврдува атентичноста на објавата.