Во Општина Тетово регистрирани се одредени технички пропусти во изборниот ден. Недостасувале УВ Ламби, а имало проблеми и со избирачкиот материјал.
Недостатоци имало и во Општина Боговиње. Таму едно избирачко место не е отворено навреме.Оттаму ни изјавија дека гласањето доцнело околу еден час и 15 минути поради проблеми со гласачкиот материјал. Гласањето започнало во 8 часот и 15 минути и сега тече најнормално, а ќе биде продолжено за еден час.
Овој изборен ден за разлика од минатите изборни циклуси од избирачките одбори од тетово но и селата регистрираат помала излезност.
Граѓаните очекуваат мирен изборен ден
И во Гостивар гласањето се одвива во мирна и демократска атмосвера со мала излезност.


