Туристи и верници кои ќе ја посетат базиликата Сан Џовани во Латерно во Рим за овој Велигден имаат единствена можност да ги видат но и да се качат на Светите скалила, кои се откриени за прв пат во последните 300 години, а на кои како што се верува одел распнатиот Исус до Понт и Пилат, човекот кој му пресудил.
Скалилата познати по латинскиот назив како Scala Sancta прекриени со даски од оревово дрво ќе бидат откриени во наредните два месеци, по долгиот прокет на реставрацијата.
Во оригинал тие се покриени со мермер и на нив на три места се наоѓаат три капки од крвта на Исус, за кои се тврди дека паднале за време на неговото качување. Тие капки се обележани со средновековни крстови.
Од подножјето до врвот има вкупно 28 скали. На врвот од скалите има соба наречена Света од Светите. Таа некогаш била приватна капела на папата и содржи реликвии од светци и една од најстарите икони на Исус пронајдена во Рим во петтиот век.
Скалите наскоро ќе бидат повторно покриени со дрво за да се заштити оригиналниот мермер, но наредните неколку недели посетителите на Рим ќе можат да одат, како што се тврди, по оригиналните стапки на Исус.


