Новите видеа се насловени „Јово Превара“ и „Комитети“, поставени се на Јутуб, од корисникот под име Илија Громовник. Овие две следат еден ден откако на руската социјална мрежа „вконтакте“ се појавија четири снимени разговори, од истиот профил.
Во првиот наводно Емил Стојменов од Канал 5 со Мартин Протуѓер зборува за поранешен директор на УЈП Горан Трајковски, и за Јово Вангеловски, актуелен претседател на Врховен суд.
Во вториот насловен како „Комитети“, се даваат инструкции да не се излезе на протести.
Нитуе една институција до сега не излезе да даде објансување од каде се овие разговори.
Еден од вчера објавените разговори, тој меѓу Гордана Јанкуловска и Оливер Спасовски, беше пуштен на 4 април оваа година на собир на отворено во Прилеп. Разговорите на разглас ги пушти Љупчо Палевски и уште две други лица, едно од Битола, а едно од Прилеп, Тројцата беа задржани на разговор во полициска станица поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено прислушување и тонско снимање“ казниво по член 151 став2 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.


