Јапонски „Мицибуши“ им станува конкуренција на „Боинг“ и на „Ербас“ – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/19 12:17 PM

Јапонски „Мицибуши“ им станува конкуренција на „Боинг“ и на „Ербас“

Јапонскиот индустриски гигант „Мицибуши“ планира да почне со испораката на првиот јапонски патнички авион по половина век. Авионот е за 80 патници и со домет од 2.000 милји, а помалата варијанта е со сличен домет, а може да прими 76 патници.

Овој тип авион првиот лет го имал во ноември 2015 година, а првите испораки на купувачите се закажани за во средината на 2020 година.

Јапонскиот конгломерат, инаку долгогодишен производител и на компоненти за авионите на „Боинг“, од март 2018 досега вложил 5,4 милијарди долари во авионот, а се очекува дека до крајот на 2020 година да бидат вложени уште 1,8 милијарди долари.