Минатата година во Грција е забележан пораст на бројот на насилни напади врз припадници на малцинствата, покажува денес објавениот извештај на мрежата што го регистрира насилството врз расна основа.
Авторите на извештајот изразуваат загриженост, а мрежата што опфаќа 46 организации, вклучувајќи ги и грчките рзграноци на Црвениот крст и на Амнести интернационал, регистрирала 117 сериозни инциденти годинава, од кои поголем број се врз мигранти и бегалци. Во 2017 година имало 102, а во 2016 – 95 вакви инциденти.


