Голден Стејт му се реваншира на ЛА Клиперс и пак поведе во четвртфиналето – ММС
ММС

Објавено на: 04/19/19 8:38 AM

Голден Стејт му се реваншира на ЛА Клиперс и пак поведе во четвртфиналето

По неочекуваниот пораз пред својата публика, Голден Стејт Вориорсекспресно си ја врати позитивата во двомечот со Лос Анџелес Клиперс, откако на гости извојува убедлива победа од 105-132.

Со овој успех шампионот води со 2-1 во четвртфиналниот дуел од Западната конференција на НБА лигата.

Домашните навивачи очекуваа нов спектакл, но кошаркарите на Голден Стејт уште по првите 12 минути ги разочараа, бидејќи по фантастична кошарка се одлепија на 17 поени разлика и практично го решија прашањето на победникот. Во останатите четвртини Вориорски рутински го чуваа водството и на крај заслужено извојуваа победа од 27 поени разлика.

Кевин Дурант со 38 поени беше прва ѕвезда во победничкиот табор, Кари му помогна со 21, додека кај Клиперси прв стрелец беше Зубац со 18.

Во синоќешната програма на НБА лигата се одиграа уште два натпревари. Филаделфија поведе со 2-1 во дуелот со Бруклин, откако на гости славеше сигурна победа од 115-131, додека Сан Антонио Спарс со 118-108 го надигра Денвер за водство од 2-1 во четвртфиналната серија.