Четири, до сега неемитувани во јавноста, телефонски прислушувани разговори попладнево се појавија на интернет. Разговорите се поставени на интернет страната vk.com, од корисник со потпис „Илија громовник“.
Според насловите, во еден до разговорите наводно се слуша гласот на Бранко Црвенковски, кој разговара со жена во врска со грчка фирма, во следниот, Љубомир Фрчкоски во наводен разговор со Алберт Муслиу во пресрет на одлуката за него на Комисијата за лустрација. Во третата снимка е разговор врзан за снабдувањето и плаќањето со ЕЛЕМ, а во четвриот се наводно се гласовите на Оливер Спасовски и Гордана Јанкулоска, кои се договараат како да се постават пред медиумите.
Од СЈО каде се наоѓаат прислушуваните разговори тнр. „бомби“, немаат информација од каде се овие снимки. Додадаваат дека разговорите не протекле од нивната институција, но ќе проверат дали ги имаат во нивните материјали.
Порталот Скопје1.мк пренесува изјава од поранешната министерка Јанкуловска после објавата на бомбите:
-Јас не ги коментирав претходните, нема ни овие. Тоа е на некој начин грубо кршење на приватноста. До сега нити некој потврди дали се веродостојни, каква е нивната содржина, кој снимал, како снимал, истакна Јанкуловска за Скопје1.мк


