За сообраќајката на автобусот ќе одговараат директор и членови на УО на патната агенција – ММС
ММС

Објавено на: 04/18/19 5:14 PM

За сообраќајката на автобусот ќе одговараат директор и членови на УО на патната агенција

Софискато градско обвинителство (СГП) обвини двајца поранешни членови на Управниот одбор и директорот на државната Агенција за патна инфраструктура за тешката сообраќајна несреќа на 25 август 2018 година кај Своге, близу Софија, при што загинаа 20 лица, а 8 беа повредени.

Обвинети се и извршниот директор на компанијата “Рута – Софија” ЕАД, изведувач на поправката на патот, техничкиот раководител, началникот на асфалтна база и инженерот кој го вршел надзорот на градежните активности на изградбата на патот.

Прво беше обвинет возачот на автобусот, кој возел со поголема брзина од пропишаната, но потоа истрагата продолжи во правец на испитување на условите на патот. При тоа, истрагата утврдила дека е користен неквалитен асфалт за реконструкцијата, во кој наместо ситен камен е ставено варовник. Патот е дополнително лизгав и кршлив и има лошо триење меѓу гумите на возилата и асфалтот.Поради тоа, во опасност се доведуваат возачите и патниците,  заклучила истрагата. Пратени на вештачење се 9 примероци од асфалтот, а во текот на истрагата биле направени 10 инспкции и сослушани 155 сведоци.