Во Гостивар се одбележува неделата на солидарност, чие мото гласи „Вашиот прилог – значајна помош”.
Неделата на солидарност се одбележува со собирни акции активности на мобилни тимови и поставување на посебни штандови
„Целта е преку имплементација на хуманитарни активности да се подигне свеста на населението за потребната меѓусебна поддршка и помош за ранливото население. Покрај парични средства може да се донираат и храна, облека, обувки, средства за хигиена, кои треба да се предадат во Црвениот Крст.”, велат од организацијата Црвен крст Гостивар
Одбележувањето на неделата на солидарност започна од 15 месецов а ќе трае до 21 април.
Зоран Димовски


