Европската Лига на шампиони во фудбал е многу популарна и во Кенија и Африка, а тоа може да им биде сериозен проблем на некои полицајци од Каторвон, град на западот на Кенија. Не можеле да оддолеат да не ги гледаат мајсториите на Роналдо и Меси во вторникот вечерта на двата четвртфинални меча („Јувантус“-„Ајакс“ и „Барселона“-„Манчестер јунајтед“), па ја напуштиле полициската станица и заминале натпреварите на телевизија да ги гледаат во блиското кафуле. Тоа го искористиле вештите и итри крадци, па од полициската станица го украле оружјето – три пушки и еден пиштол.
Според полицискиот извештај, другите полицајци од станицата уште трагаат по арамиите, а уште не се знаело каква казна ќе заработат нивните колеги што не можат без европската Лига на фудбалски шампиони.


