Албанците загрижени поради барањето за враќање на визите, страв од домино ефект – ММС
ММС

Објавено на: 04/17/19 3:27 PM

Албанците загрижени поради барањето за враќање на визите, страв од домино ефект

Албанскиот претседател Илјир Мета, по повод одлуката на холандскиот парламнт вели дека Тирана треба да направи се што е во нејзина моќ се со цел одлуката да не предизвика домино ефект.

Станува збор за барањето на холандскиот парлемент за суспензија на безвизниот режим за Албанија.

„Постапката на холандскиот парламент е без преседан, колку што мене ми е познато досега не се случило да постои такво барање за Западен Балкан и нашата држава. Се разбира, тоа е аларм и ние треба да испратиме силни пораки до организираниот на криминалот, кој не езагрижувачки само во Холандија, туку и во другите држави како Велика Британија“, истакнал Мета.

Албанија мора да има тесна соработка со Европската комисија за да не се случи ситуација која би довела до негативна перцепција за Албанија, изјавил Мета и додал дека овој случај зборува дека се „појавуваат одредени појави кои би можеле да бидат штетни и ранливи“ за неговата земја.

Тој предупредил дека постои можност Албанија да се соочи со слични одлуки и од другите земји членки на Европската Унија.

„Најважно е одговорно да реагираме и кон нашите граѓани и кон меѓународните партнери“, изјавил Мета.

Четири холандски пратеници иницијрале да се укине привремениот безвизен режим за патување на албанските граѓани во Шенген зоната, а со цел за борба против организираниот криминал.

Предлогот е усвоен во парламентот на Холандија на 11 ти април, откако холандската влада ќе побара од Европската комисија да ја започне процедурата за „итна сопирачка“, со која се дозволува суспендирање на безвизен режим.