Еден ден откако Холандија одлучи да ги врати визите за граѓаните на Албанија и тоа да го побара од ЕК, амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сорека, вели дека досега ништо не се сменило за Албанците. При тоа, додава дека е убеден оти албанската влада ќе преземе мерки за одржување на визната либерализација.
-Во моментов ништо не е сменето, ова беше јасно во најавата на холандската амбасада, така што продолжува безвизното патување во земјите од Шенген. Дозволете ми да кажам дека ги повикуваме и албанските и холандските влади да продолжат со соработката во вакви важни области како што се незаконската миграција и борбата против организираниот криминал, соопштува амбасадорот Сорека.
Според амбасадорот, патувањето без визи е фантастично достигнување за Албанија и граѓаните, што значи дека има многу важен напредок и беше за сите граѓани од 2010 година.
-Знаете дека верувам дека сум на чело на овој процес од годината 2010 година и убеден сум дека албанските власти ќе ги преземат сите мерки за зачувување на ова фантастично достигнување што е направено досега “, рече тој.
Мерката “привремена суспензија” е предвидена со Регулативата ЕK 1289/2013 и дозволува прекинување на безвизен режим за државјани на трети земји на определени случаи што се сметаат за “исклучителни ситуации”, а може да биде воведена со мнозинство гласови од членовите на Европската комисија.
Во јануари во 2018 година, Франција се закани дека ќе воведе визен режим Албанци, откако претходно една година претходно примила 7.630 барања за азил од Албанци.
По одлуката на холандскиот парламент да побара да се активира стоп процедурата за патувањето во Шенген зоната за албанските граѓани, Министерството за европски и надворешни работи на Албанија ги информира албанските граѓани за текот на процедурата.
Министерството објаснува дека со гласањето на Претставничкиот дом на холандскиот парламент ја повика Европската унија да ја започне постапката за привремена суспензија на визната либерализација, што сега не ги менува правилата на движење во земјите од Шенген зоната. Албанските граѓани ќе продолжат да се движат во Шенген земјите според досегашната практика.
Земја-членка на ЕУ може да побара од Европската комисија да ја отвори постапката за суспензија на безвизниот режим само врз основа на условите утврдени во законодавството на ЕУ.
Европската комисија ќе го разгледа барањето и ќе одговори на него. Албанското Министерството за Европа и надворешни работи смета дека на база на објективно оценување, според официјалните факти и бројки, Министерството за Европа и надворешни работи е убедено дека резолуцијата не може да најде поддршка во Европската комисија бидејќи во случајот со Албанија,ниту еден од критериумите што можат да доведат до примена на механизмот за привремено одложување не е исполнето.
-Илегалната миграција на албански државјани во Холандија постојано се намалува, додека суспензијата се применува во случај на зголемување на над 50% од вообичаените бројки. Бројката на криминал исто така бележи значителни намалувања.Исто така, последниот критериум поврзан со соработката меѓу двете структури за спроведување на законот на двете земји беше оценет како одличен од страна на албанските и холандските официјални претставници, сметаат од Министерството.
На крај од Министерството заклучуваат дека „изборната клима во Холандија несомнено има свое влијание и иако ни е жал за влезот на Албанија во агендата на партијата во трката, не постои сомнеж во фактот дека надвор од хоризонтот на европските избори фактите ќе преовладуваат над изборната реторика“.
Во меѓувреме, холандската влада излезе со официјален став во врска со гласањето во парламентот за враќање на визниот режим со Албанија.
“Владата размислува за следните чекори што ќе ги преземе. Во моментов, визниот режим ист за албанските граѓани, сите Албанци со биометриски пасош може да патуваат во Шенген зоната без визи за максимум 90 дена во период од 180 дена “, стои во изјавата на холандската влада.


